Почина поп-пејачот Шпат Касапи: Албанската сцена во жалост по ненадејната смрт на музичката ѕвезда
Албанската и македонската јавност денеска со голема тага ја прими веста за смртта на поп-пејачот Шпат Касапи, кој почина рано утрово како последица на ненадеен срцев удар. И покрај брзата медицинска интервенција, 40-годишниот пејач не успеал да го преживее инфарктот. Според најблиските, тој претходно не се жалел на сериозни здравствени проблеми, објави телевизија 21.
Препорачано
Шпат Касапи беше едно од најпопуларните имиња на современата албанска музичка сцена. Роден на 1 мај 1985 година во Тетово, Касапи потекнуваше од семејство со длабока музичка традиција, која уште од детството го насочила кон уметноста. Неговиот талент брзо се развиваше, па веќе на почетокот од 2000-тите започна да гради професионална кариера што за кратко време ќе го претвори во идол на младата публика.
Во текот на две децении, Касапи создаде препознатлив музички печат со модерни аранжмани. Неговите песни „A më do?“, „Valle Kosovare“, „Dashni pa limit“, „Aroma e saj“ и низа други станаа дел од најпопуларните хитови во Албанија и Косово. Соработуваше со многу истакнати музичари, настапуваше на фестивали и беше редовен гостин на големите музички настани.
Касапи зад себе остави сопруга и едно дете.


