Почина најстариот човек на светот – Ги преживеал двете светски војни и апартхејдот, шпанскиот грип му го покоси семејството, а него коронавирусот

Фото: Твитер

Фреди Блом од Јужноафриканската Република, за кој се веруваше дека е најстариот човек на светот, почина денес на 116 годишна возраст.

Документите на Блом покажуваат дека тој е роден во провинцијата Источен Кејп во мај 1904 година, но Гинисовата книга на рекорди никогаш не го означи како најстариот маж во светот.

Кога бил тинејџер, целото негово семејство починало како резултат на пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година. Тој преживеал две светски војни и апартхејдот.

Семејството на Блом соопшти дека тој починал од природна смрт. Портпарол на семејство изјави дека тие не веруваат дека неговата смрт е поврзана со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот