Почина Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот сојуз

Фото: ЕПА/ЕФЕ

Последниот претседател на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачов, почина на 92-годишна возраст, јавија вечерва руските медиуми.

Веста ја потврдиле лекарите во Централната клиничка болница во Москва, јавува РИА Новости.

„Михаил Сергеевич Горбачов почина вечерва по тешко и долго боледување“, пренесе ТАСС.

Во јуни, портпаролот на Фондацијата Горбачов, Владимир Полјаков, изјави дека Горбачов боледува од бубрежна болест и дека е на третман, вклучително и хемодијализа. Влошеното здравје на 91-годишниот поранешен претседател на СССР тој го поврза и со возраста.

Горбачов го водеше СССР од 1985 година до неговиот распад во 1991 година, а остана запаметен по неговата програма „перестројка“ (преустројување), која преку низа економски и политички реформи го започна крајот на комунизмот во Русија и беше предвесник на паѓањето на „железната завеса“ и крајот на Студената војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот