Почина мајката на Пере: „Срцето ми е тешко додека се збогувам со жената која ме научи што е љубов“

Фото: Фејсбук/Никола Перевски - Пере

Македонскиот музичар Никола Перевски – Пере, познат како фронтмен на музичката група „Нокаут“, вчера се збогуваше со својата мајка.

Ожалостениот пејач ја објави тажната вест на својот фејсбук-профил, каде сподели емотивна порака и фотографија со мајка му.

„Денеска срцето ми е тешко додека се збогувам со жената која ме научи на вистинскот значење на љубовта.

Мамо, додека не се сретнеме повторно, јас ќе го носам твоето срце во моето.

Секогаш и засекогаш.

Слава ти.

Твојот син Никола, со семејството“, напиша тој.

Пере доби голем број пораки со сочувство и поддршка од најблиските, но и од бројните обожаватели.

ФОТО | „Се роди уште едно трилече“: Пере од „Нокаут“ стана татко по четврти пат, доби уште една ќерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот