Почина Коки Робертс – легенда на политичкото новинарство во САД

Фото: Принтскрин

Реномираната новинарка и критичарка од телевизискиот канал Еј-би-си, Коки Робертс, почина на 75-годишна возраст. Таа во својата кариера која траеше со децении освои бројни признанија, вклучувајќи три Еми-награди. Исто така, таа беше примена во Куќата на славните за личности кои работат во радиодифузијата и беше прогласена за една од 50-те најзначајни жени во САД који работеле на телевизија и радио.

– Ќе ни недостасува неизмерно, и поради нејзиниот придонес и поради нејзината неизмерна љубов и добрина – изјавија од нејзиното семејство.

Коки Робертс почина од компликации на рак на дојка.

Робертс, родена Мери Марта Корин Морисон Клејборн Богс, во минатото има изјавено дека името „Коки“ го добила од нејзиниот постар брат, кој не можел да го изговори името Корин и ја нарекол Коки. Оттогаш, таа го има преземено тој прекар.

– Таа неизмерно ќе ни недостасува. Нејзината добрина, дарежливост, интелигенција и внимателен пристап кон големите проблеми ја направи телевизијата Еј-би-си подобро место и сите нас подобри новинари. Коки беше пример за жените во новинарството, нејзините интервјуа и анализи на политиките во Вашингтон ја направија пример за идните генерации на млади жени и мажи кои ќе ги следат нејзините чекори – истакна Џејмс Голдстоун, претседателот на Еј-би-си њуз.

Таа зад себе ги остави нејзниот сопруг, новинарот Стивен Робертс, и нејзините деца Ли и Ребека, како и шест внуци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот