Почина Јован Андонов – Реган, стопанственик и потпретседател на првата експертска влада на Македонија
По тешко боледување во Скопје на 80-годишна возраст почина Јован Андонов – Реган, стопанственик и потпретседател на првата експертска влада на Република Македонија.
Препорачано
Андонов е роден на 15 август 1940 година во Пехчево. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1963 година. Андонов работел на повеќе раководни места, меѓу кои „Рудници и железарница” во Скопје, „Хемтекс” во Скопје, „ОХИС” во Скопје, „ФЕНИ” во Кавадарци, РЕК Битола, „ГЕС” во Гостивар и многу други.
Негов најголем придонес е рестартирањето на РЕК Битола кога за рекордно брзо време, за помалку од една година го доведе во нормала работењето на комбинатот, по уривањето на филтерот и косиот мост во 1989 година.
Добитник е на наградата „11 Октомври” за патентиран пронајдок од областа на електрониката.
Андонов беше потпретседател на првата експертска влада на Република Македонија во 1991 година, предводена од Никола Кљусев.
Јован Андонов – Реган ќе биде погребан утре на гробиштата Бутел во Скопје.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
19мин
-
39мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


