Почина Филис Коутс, актерката која прва ја глумеше Луис Лејн во „Superman“

Фото: Capital Pictures / Film Stills / Profimedia

Актерката Филис Коутс, која прва ја глумеше новинарката Луис Лејн во „Superman“, почина на 96-годишна возраст.

Веста за смртта на актерката ја потврди нејзината ќерка Лора Прес која за „Холивуд репортер“ изјави дека нејзината мајка починала завчера во домот за стари лица во близина на Лос Анџелес.

Актерката Филис Коутс е родена во Тексас, а подоцна се преселила во Холивуд со своето семејство. Кариерата ја започнала во четириесеттите години пеејќи во хор.

Потоа глумеше во бројни филмови: „Panther Girl of the Kongo“ (1955), „Girls in Prison“ (1956), „I Was a Teenage Frankenstein“ (1957), „Blood Arrow“ (1958), „Cattle Empire“ (1958), „The Incredible Petrified World“ (1959), „The Baby Maker“ (1970) и „Goodnight, Sweet Marilyn“ (1989).

Улогата на Луис Лејн ја играше во 1951 година, а потоа ја играше истата улога во ТВ адаптацијата на приказната за суперхерој „Adventures of Superman“. Таа глумеше во 26 епизоди од таа серија и се пофали со своите каскадерски вештини.

Заработувајќи 350 долари по епизода, подоцна ѝ беше понудено да глуми во втората сезона за двојно поголема плата, што таа го одби. Таа рекла дека сака да се повлече од  улогата, а потоа во неочекуван пресврт ја глумеше мајката на Луис Лејн во „Lois & Clark: The New Adventures of Superman“, додека Луис ја играше Тери Хачер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот