Почина ѕвездата од детските натпревари за убавина, имаше само 16 години

Фото: Инстаграм

Почина Кајлиа Пози, ѕвездата од реалното шоу „Toddlers & Tiaras“, која имаше само 16 години.

Веста за нејзината смрт ја потврди нејзината мајка Мерси Пози Гетерман.

„Без зборови и мисли сум. Прекрасното девојче замина. Ве молам дајте ни приватност додека ја оплакуваме загубата на Кајлиа. Моето бебе засекогаш“, напиша таа на Фејсбук.

Причината за смртта засега не е позната.

Пози беше млада ѕвезда во реалното шоу кое траеше од 2009 до 2013 година и ги претставуваше семејствата кои ги подготвуваа своите деца за натпревар на изборите за убавина.

Шоуто често беше на мета на критики бидејќи многумина сметаа дека е непримерно децата да се прикажуваат така и да им се всадуваат погрешни морални вредности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kailia (@kailiaposey)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот