Почина директорот на училиштето во Ајова кој херојски ги заштити учениците за време на пукањето

Училиштето во Ајова каде се случи пукањето во јануари 2024 година / Фото Fritz Nordengren / Zuma Press / Profimedia

Директорот кој бил застрелан додека ги штител своите ученици од вооружен ученик во неговото училиште во Ајова, починал од повредите. Ден Марбургер „постапил несебично и си го ризикувал животот“ додека ученик отворил оган во средното училиште Пери во близина на Де Мојн, соопштија официјални лица.

Тој се обидел да го одвлече вниманието на напаѓачот пред да биде застрелан, давајќи им можност на учениците да побегнат, според неговата ќерка. Неговото семејство во неделата објави дека „по 10 дена ја загуби битката и оваа трагедија му го одзеде животот“, пренесува Би-Би-Си.

Шест други претрпеа повреди, а 11-годишниот Ахмир Џолиф беше убиен во нападот на 4 јануари. Шестоодделенецот бил застрелан три пати, соопштија властите.

Марбургер, кој бил директор на средното училиште Пери од 1995 година, починал во 08:00 часот по локално време во неделата, напиша неговата сопруга Елизабет на страницата ГоФундМе отворена за неговото семејство.

„Иако Ден повеќе не се бори со нас овде, неговото семејство ќе продолжи да се справува со неразбирливото многу денови, недели и години што доаѓаат“.

Гувернерката на Ајова Ким Рејнолдс рече дека „засекогаш ќе биде запаметен по неговите несебични и херојски постапки“. Таа нареди знамињата низ државата да се веат на половина копје до зајдисонце на денот на погребот на Марбургер.

Престрелката започнала околу 07:30 часот на 4 јануари во училишната кафетерија каде што учениците појадувале, соопштија властите. Тоа е местото каде што Марбургер интервенирал и се обидел да го „разговори“ осомничениот, идентификуван како Дилан Батлер.

„Апсолутно не е изненадување да се слушне дека се обидел да му пријде и да му зборува на Дилан и да му го одвлекува вниманието доволно долго за некои ученици да излезат од кафетеријата“, напиша неговата ќерка Клер во објава на Фејсбук. „Тоа е само тато“.

Батлер, 17-годишен ученик, подоцна бил пронајден мртов на местото на настанот од самонанесена прострелна рана. Портпаролот на Дивизијата за криминалистичка истрага во Ајова изјави за новинската агенција АП дека имал пушка и пиштол – како и „прилично рудиментирана“ експлозивна направа меѓу неговите работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот