Почина босанскиот пејач Дамир Пашиќ – Дади, ја загуби битката со ракот

Фото: Принтскрин/ Јутјуб/Н1

Дамир Пашиќ – Дади (46) од култниот бој бенд „Севн ап“ (Seven Up) ја загуби борбата за живот по долго и тешко боледување.

Дади во февруари дознал дека боледува од рак на панкреас.

Од Дамир се простуваат бројни колеги и обожаватели, меѓу кои и поранешниот член на групата Елвир Хаџијамаковиќ – Лило.

Тажната вест за смртта на Дади ја споделија членовите на групата:

„Дади, брат наш, поминавме многу заедно, и добро и лошо, бев сигурен дека и оваа битка ќе ја победиме, но не ја победивме… Пеј и танцувај и чекај не горе да направиме наше враќање. Нека ти е лесна нашата босанско – херцеговачка земја. Те сака твојот брат Лило и другите браќа од 7UP: Гоги, Недим и Фудо“, напишал во објавата под заедничката Лило-Елвир Хаџијамаковиќ.

Пред два месеци Дамир за „Ослобоѓење“ зборувал за недостигот на цитостатици кои биле неопходни за хемотерапијата.

„Seven Up“ беше поп група од Босна и Херцеговина основана во 1993 година во Сараево. Групата престана да работи во 2004 година кога си замина нејзиниот фронтмен Дин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот