Почина бодибилдерот Мирко Петровски
Македонскиот професионален бодибилдер Мирко Петровски почина на 47-годишна возраст.
Препорачано
Тажната вест ја сподели музичарот Владимир Блажев – Панчо на својот фејсбук-профил.
„Сè уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да нè оставиш. Знам дека имаше уште многу зацртани планови и многу недокажани работи.
Денеска изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Тренеру мој, сега си секако на поубаво место, каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.
Ќе се сеќавам на тебе како на добар човек и лојален другар.
Мирче мој, вечна ти слава“, напиша Панчо.
Причината за неговата смрт сè уште не е позната.
Зад себе ја остави сопругата Светлана и нивниот деветгодишен син.
Да потсетиме, Петровски се занимаваше со спорт од рана возраст. Тој беше добитник на многу национални и меѓународни награди за бодибилдинг, меѓу кои и Државната награда „8 Септември“ од 2013 година за исклучителен придонес за развој на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.
Тој беше и сопственик на теретаната „Проџек фит“ и работеше како фитнес тренер на повеќе јавни личности во Македонија.


