Почетокот на школската година под прашалник

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) утре ќе се сретне со министерот Јетон Шаќири, а на средбата ќе ги презентираат нивните барања околу покачување на платите на просветните работници и почитување на колективниот договор.

Претседателот на НСОНК, Томислав Гиевски за „Слободен печат“ изјави дека се уште ја немаат потребната бројка за да постигнат репрезентативност и да покренат штрајк, но испратен е повик до училиштата и во тек се преговори.

Неофицијално „Слободен печат“ дознава дека наставничките во дел од групите кои членуваат родителите, информираат дека наставата можеби нема да почне на 1 септември поради најавениот штрајк.

Основните барања на Независниот синдикат се почитување на колективните договори и повисоки плати за просветните работници. Тој вели дека не се задоволни од понудените десет проценти од страна на Владата преку општиот колективен договор.

Од СОНК, пак, не гледаат простор за протест за прашања што се решаваат тековно.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков за „Слободен печат“ изјави дека активно преговараат за нивните барања со Министерството за обрзование и наука. Неделков вели дека имаат редовна комуникација со министерот Јетон Шаќири за зголемување на платите и потпишување на колективен договор.

Министерството за образование и наука смета дека „во моментов најмалку се потребни нови грижи за учениците и прекинување на нивниот воспитно-образовен процес“, имајќи предвид дека е загубено многу од наставата во изминатите години поради КОВИД-пандемијата и штрајкот од минатата учебна година.

Како што потврдија од МОН за МИА, во тек се предговорите со СОНК за потпишување нов колективен договор со кој се предвидуваат повисоки плати за наставниците и стручните соработници и нови права и можности за нивниот кариерен и професионален развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот