Побуна во Арсенал, Емери пред отказ!?

twitter.com/ChannelNewsAsia

Арсенал веќе петти натпревар по ред не знае за триумф во Премиер лигата, изминатиот викенд фудбалерите на менаџерот Унаи Емери одиграа само реми против Саутемптон (2:2).

Британските медиуми пренесуваат информации за огромното незадоволство кое владее кај навивачи, но и кај дел од играчите кои одржале тимски состанок без својот менаџер.

Се шпекулира дека судбината на Емери во Арсенал ќе зависи од наредните неколку натпревари, а во наредниот период за противници ќе ги имаат Франкфурт, потоа Норич, Вест Хем и Брајтон.

Како наследници за клупата на лондонскиот клуб се одвојувааат имињата на Микел Артета и Масимилијано Алегри.

Унаи Емери во клубот од Лондон дојде пред две сезони, а досега освен финалето во Лига Европа во кое загуби од Челзи, немаше други забележителни резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот