По тепачка и метеж потонал сплав во Белград, нема повредени

Сцени од метежот на сплавот - Фотографии Инстаграм профил „Мој бео град“

Предновогодишна забава на сплав во Белград прераснала во тепачка и метеж и лесно можела да прерасне во трагедија, но инцидентот завршил без жртви.

Преполниот сплав „Картел“ потонал во саботата околу полноќ. Белградскиот весник „Блиц“ пишува дека „Картел“ почнал да тоне откако на мостето што води до сплавот почнала физичка пресметка помеѓу гости и обезбедувањето. При обидот на обезбедувањето да исфрлат гости, се создало стампедо од луѓе поради што пукнал приодот од сплавот до брегот.

– Забавата требаше да трае до околу 1.30 часот, но неколкумина од обезбедувањето влегоа на сплавот и почнаа да исфрлаат гости. Ги замолив да ми ја кажат причината, ми кажаа „Излези надвор!“ и излегов културно. Ги повикав другарите за да им кажам дека сум исфрлен, но по десетина минути почна да излегува голема група и да им се спротивставува на луѓето од обезбедувањето. Тогаш почна тепачката – изјавил за „Блиц“ еден од исфрлените гости.

Тепачката прераснала во општ метеж, поради што мостот попуштил, а сплавот почнал да тоне. Во вода паднале многумина што панично бегале од сплавот.

Спасувачки екипи пристигнале брзо, за само седум минути, и ги извлекле сите луѓе од водата. Полицијата, итната помош и противпожарни екипи евакуирале околу 30 луѓе.

„Картел“ вчера бил потонат речиси до половина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот