По тенковите Македонија ѝ ги подари и „сухоите“ на Украина

ФОТО: Фејсбук - Македонска одбрана

Четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија за време на конфликтот во 2001 година ги купи од Украина за четири милиони евра деновиве ѝ се донирани на Украина пишува порталот МКД.мк. Од Министерството за одбрана не ја демантираат информација објавена, ниту пак ја потвррдуваат. Станува збор за авионите што Македонија планираше да ги продаде уште во 2004 година.

Како што наведува објавената информација, Министерството за одбрана одговорило дека точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени во деновите што следат. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на македонската армија, стои во објавата на МО.

Инаку деновиве, по објавувањето на фотографии од тенкови натоварени на камиони, Министерството за одбрана едноставно беше принудено да ја потврди информацијата за донацијата на тенкови на Украина. МО потврди дека снимките што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа транспорт на тенкови, се автентични и дека се работи за тенкови што Македонија ги испраќа како донација за Украина.

„Се работи за тенкови што се дел од тенковскиот баталјон на Армијата за кој е планирано да биде расформиран. Станува збор за трета генерација тенкови, кои со развојот на технологијата за неколку години би биле неконкурентни и некомпатибилни со нашите побарувања за снабдување со западна платформа”, – информираше Министерството за одбрана македонската јавност на 28 јули.

ФОТО: Македонски „Су-25“

Инаку за време на конфликтот во Македонија, во јуни 2001 година Македонија купи четири бопбени авиони „сухој СУ-25“ од Украина, три едноседи и еден двосед. Авионите се конструирани за блиска поддршка на пешадијата, а за време на конфликтот имаа неколку бопбени летови како поддршка на копнените дејцтва на безбедносните македонски сили.

Во пролетта 2003 година македонското Министерство за одбрана декларира дека во формацискиот состав на АРМ веќе нема потреба од борбените авиони, а во 2004 година авионите беа пиземјени, конзевирани и подготвени за продажба.

Во 2011 година во МО повторно почнало да се размислува за модернизирање на „сухоите“ според стандардите на НАТО, но и оваа идеја не се оствари.

Војната во Украина го празни советското оружје и од македонските армиски магацини

Видео на денот