По пресудата за силување жени: Дени Мастерсон префрлен во затворот каде лежел озогласениот Чарлс Менсон

Фото: Profimedia

Дени Мастерсон е префрлен во затвор со максимална безбедност, во кој некогаш се наоѓаше Чарлс Менсон,  еден од најозлогласените криминалци во историјата на САД.

Американскиот актер, кој минатата година беше осуден за две точки од обвинението за силување кои датираат од 2003 година, е префрлен од државниот затвор Северен Керн во Делано, Калифорнија во државниот затвор Коркоран во долината Сан Хоакин, пренесува „Пејџ сикс“.

Портпаролот на затворот не одговори веднаш на барањето на „Пејџ сикс“ да ја потврди локацијата на актерот, но тоа е државен затвор познат по тоа што ги држеше некои од најозлогласените американски криминалци, вклучувајќи го и осудениот убиец и водач на култ Чарлс Менсон, од 1989 година до неговата смрт во 2017 година.

Фото: EPA-EFE/LUCY NICHOLSON/ POOL

И Сирхан Сирхан, атентаторот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди, исто така бил сместен во тој објект додека не бил префрлен во поправниот дом Ричард Џ. Донован, во околината на Сан Диего.

Мастерсон првично беше затворен во машкиот централен затвор во округот Лос Анџелес, но на 31 декември 2023 година, тој го започна процесот на класификација и домување во државниот затвор Северен Керн.

Пред една недела судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес, Чарлин Олмедо, го одби бараето за негов излез со кауција, наведувајќи дека сега „нема жена кај која може да оди дома и ги има сите мотиви и околности да побегне“. Неговата отуѓена сопруга Бижу Филипс поднесе барање за развод помалку од две недели откако беше осуден на 30 години затвор во септември 2023 година.

Да потсетиме, Дени Мастерсон присилно принудувал жени на секс, вклучително и неговата долгогодишна девојка, во неговиот дом во Холивуд Хилс. Тоа се случувало во периодот помеѓу 2001 и 2003 година. Инаку, тој ги дрогирал со пијалок за да може да ги силува.

Жените истакнаа дека тој го користел своето влијание во Скиентолошката црква, а сите три жени исто така биле членови на истата црква, за да може да ги избегне последиците со децении. Жените сведочеа дека кога го пријавиле Мастерсон кај црковните службеници, им било кажано дека не е силување, дека биле дел од етички програма и биле предупредени да не одат во полиција.

ВИДЕО | Славниот пар среде скандал: Осудениот Дени Мастерсон се обложил со Ештон Качер да ја бакне 14-годишната Мила Кунис

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот