По откривањето на плановите за атентати, Зеленски нареди чистка во Националната гарда

Володимир Зеленски во Осло / Фото EPA-EFE/Javad Parsa /

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски му порача на шефот на украинската национална гарда да ги исчисти своите редови од оние кои ја дискредитираат откако двајца членови на гардата беа обвинети за заговор за атентат на нивни претпоставени.

Државната безбедносна агенција СБУ минатиот месец објави дека привеле двајца полковници од гардата кои наводно соработувале со Русија во заговор за атентат врз Зеленски и други функционери, вклучувајќи го и шефот на воената разузнавачка агенција Кирил Буданов. Украинската гарда штити различни владини претставници.

Претставувајќи го полковникот Олексеј Морозов, Зеленски денеска рече дека негова главна задача е да се осигура дека само оние кои гледаат иднина со Украина можат да се приклучат на агенцијата. Тоа беше негова прва индиректна изјава на оваа тема откако агентите беа уапсени.

„И, се разбира, агенцијата мора да биде исчистена од сите оние кои не ја избраа Украина за себе или ја дискредитираа Националната гарда“, напиша тој на Телеграм.

Зеленски го отпушти претходникот на Морозов, Серхи Руд, во мај, два дена откако СБУ уапси нејзини вработени обвинети дека работеле за руската безбедносна служба и и давале доверливи информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот