По Македонија и Бугарија го протера рускиот свештеник Васијан Змеев

Фото: 24chasa.bg

По Македонија и Бугарија одлучи да го протера рускиот свештеник Васијан Змеев, објави руската агенција „ТАС“,

Од агенцијата наведуваат дека рускиот свештеник бил закана за националната безбедност.

Покрај него, од Бугарија се протерани уште двајца црковни службеници. Одлуката на бугарските власти за протерување на тројцата црковни службеници од Московската патријаршија во Софија, руската амбaсада ја оцени како „остро и бесрамно дејствие“

На 17 септември тројца руски дипломати беа прогласени за персона нон грата од Северна Македонија, a еден од нив беше токму архимандритот Васијан Змеев.

Информациите за протераните дипломати ја пренесоа руското МНР и руската амбасада во Скопје. Ден подоцна тоа го потврдија и од македонското МНР.

Инаку минатата недела претседателот на Демократи за силна Бугарија (ДСБ) и копретседател на парламентарната група на владејачките Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија, генералот Атанас Атанасов, во изјава за БНТ ја критикува работата на бугарските безбедносни служби коментирајќи го потегот на македонското МНР да ги прогласи за непожелни тројца руски дипломати и руски архимандрит.

„Нели ѝ е срам на бугарската разузнавачка служба што службите на мала Македонија дознаа дека рускиот свештеник кој живее во Софија и служи во Руската црква се занимава со разузнавање во Македонија и затоа го протерале од таму. А тој без никакви проблеми удобно си живее во Бугарија“, изјави за БНТ генералот Атанас Атанасов, кој е претседател на партијата Демократи за силна Бугарија (ДСБ) и копретседател на парламентарната група на владејачките Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија (ПП-ДБ).

Атанасов: Се срами ли бугарското разузнување што малата Македонија протера руски свештеник кој удобно живеел во Бугарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот