По јавните критики за недоволна транспарентност, француската министерка Каје поднесе оставка

Фото: Profimedia

Француската министерка за територијална кохезија Каролин Каје денеска соопшти дека поднела оставка од функцијата по јавните критики дека не била доволно транспарентна во изјавата за имотната состојба.

Претходно Елисејската палата ја потврди информацијата за оставката на Каје, без да наведе причина. Беше кажано само дека на таа позиција ќе биде Доминик Форе.

На почетокот на оваа година, Каје мораше да се извини по бранот критики по коментарите што поттикнаа повеќе од сто француски јавни личности да потпишат отворено писмо во кое ги осудуваат нејзините хомофобични забелешки. Каје беше именувана за министерка за територијална кохезија во новата француска влада формирана на 4 јули.

Сенатот тој месец ја праша дали таа се спротивставува на законот од 2013 година кој им дозволува на истополовите парови да стапуваат во брак и да посвојуваат деца. Новоизбраната министерка тогаш реформата ја нарече „каприц” и „план што оди против природата”.

Каје на почетокот стоеше на својот став, а потоа додаде дека има „многу пријатели меѓу таквите луѓе”. Два дена подоцна таа се извини за изјавата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот