По изборите ќе се анализираат забелешките на Венецијанската комисија за Законот за јазици

Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците.

Министерката за правда Рената Дескоска вели дека не е завршен процесот околу забелешките на Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците и  оти најверојатно тоа ќе остане за после изборите.

-Не е завршен тој процес. Се разгледуваат и се анализираат забелешките и она што е законски текст, јас искрено не верувам дека тоа би се завршило пред изборите, бидејќи сепак треба да се направи сериозна анализа на она што е предложено, дали тоа значи промена на закон, дали тоа значи создавање на одредени услови. Така што тоа најверојатно ќе остане за после изборите, изјави Дескоска.

СДСМ и ДУИ излегоа со различно толкување за препораките на Венецијанската комисија за Законот за јазиците.

Прочитајте и...  Трамп го обвини Бајден за плагијат на неговата економска програма

Венецијанската комисија неододамна препорача да се преиспитаат одредби од Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни.

Правните експерти на Советот на Европа посочуваат дека во споредба со законодавството од 2008 година, новиот закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците. Оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостиг на превод и толкување во текот на постапката.

Прочитајте и...  Чулев: Сите прекршители во изборниот процес ќе бидат најстрого казнети (ВИДЕО)

Според мислењето на Венецијанската комисија, овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права.

Комисијата понатаму забележува дека Законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот, а кои, исто така и за другите јазици на заедниците.

Законот за употреба на јазиците беше донесен во јануари минатата годинава. Собранието го гласаше по втор пат, откако претходната година претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише указот. 

Прочитај повеќе

Жбогар: Вирусот е дел од нас, никаде без маска!

Слободен печат

Чулев: Сите прекршители во изборниот процес ќе бидат најстрого казнети (ВИДЕО)

Слободен печат

СПМ: Вработените во МВР професионално да ги извршуваат задачите за време на изборите

Слободен печат

ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ЦРКВА ВО ЈОХАНЕСБУРГ: Затворени над 200 лица, петмина се убиени

Слободен печат

Парламентарни избори 2020: Дали Македонците повторно ќе бидат на вистинската страна на историјата?

МИА Агенција

МВР во потрага по поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тажна вест: Почина познатиот професор доктор Стојмен Михајловски

Мирослава Бурнс

Потврдени 199 случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, починаа 8 лица

Слободен печат

Потпишана Декларација за млади, образование и иднината од страна на Универзитетските собранија и политичките партии

Слободен печат

Партија на Македонците во Србија со поддршка за коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

Слободен печат

Лукаревска: Ги обезбедуваме работните места, им помагаме на компаниите и на вработените

Слободен печат

Најголем дневен пораст на бројот на новозаразени во БиХ

Слободен печат