По денешното убиство на учителот, Франција го крена безбедносниот аларм на највисоко ниво

Фото: EPA-EFE/JULIEN MATTIA

Франција ја подигна безбедносната тревога на највисоко ниво по смртта на наставникот, кој беше избоден со нож во средно училиште, јавува Би-Би-Си.

Вооружен маж утрово уби наставник и тешко рани две лица во средно училиште во Арас, северна Франција. Тој извикувал „Алаху акбар“ (Господ е голем).

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен потврди на мрежата „Х“ дека напаѓачот е уапсен.

Итно кревање на безбедносен аларм беше користено и во претходните случаи на борба против тероризмот.

Ова значи дека може да бидат распоредени дополнителни безбедносни сили и јавни предупредувања.

Францускиот министер за внатрешни работи рече дека нема сомнеж оти нападот во Арас е поврзан со тензиите меѓу муслиманската и еврејската заедница во Франција, што е поттикнато од тековниот конфликт меѓу Хамас и Израел.

Во нападот во Арас повредени се еден чувар, кој се здобил со неколку убодни рани и уште еден наставник.

Меѓу учениците нема повредени. Убиениот учител предавал француски јазик.

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој го посети средното училиште во Арас и го осуди „варварството на исламскиот тероризам“, рече дека наставникот „застанал во одбрана пред децата за да ги заштити и несомнено спасил многу животи“.

Според полицијата, напаѓачот е 20-годишниот Русин Мохамед Могучков, има чеченско потекло и познат е на безбедносните служби по неговата вмешаност во исламскиот екстремизам.

Како поранешен ученик во исотот училиште, тој ги вознемирувал наставниците со својот екстремистички говор, објави Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот