По 50 години отворена е истрагата за смртта на Пабло Неруда: Се верува дека е убиен

Пабло Неруда / Фото: Profimedia

Истрагата за смртта на познатиот чилеански поет и нобеловец Пабло Неруда е повторно отворена по 50 години.

Судот во Чиле најави дека повторно ќе се обиде да ја реши мистеријата за смртта на Неруда.

Нобеловецот наводно починал од рак на простата во 1973 година, но многумина веруваат дека тој всушност бил отруен за време на диктатурата на Аугусто Пиноче.

Тој планирал да сведочи против Пиноче и неговата диктатура од егзилот во Мексико.

Судот во Чиле во соопштение рече дека „истрагата не е завршена бидејќи има прецизни процедури кои можат да се спроведат за да се разјаснат фактите“, пренесе АФП.

Минатиот декември судијата го одби барањето на роднината на Неруда за повторно отворање на случајот, но сега ситуацијата е променета, пишува „Скај њуз“ (Sky News).

Експерти од Канада, Данска и Чиле наводно пронашле докази дека Неруда бил отруен. Во неговото тело пронашле опасен отров кој предизвикува парализа и смрт.

Мануел Араха, неговиот возач и личен асистент, со години тврдеше дека поетот бил отруен.

Внукот на Пабло Неруда тврди: Поетот бил отруен со смртоносна бактерија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот