Внукот на Пабло Неруда тврди: Поетот бил отруен со смртоносна бактерија

Пабло Неруда / Фото: Profimedia

Семејството на чилеанскиот поет Пабло Неруда тврди дека тој бил отруен со смртоносна бактерија која му била вбризгана во телото, пишува шпанскиот весник „Паис“.

Информацијата ја објави неговиот внук и адвокат Родолфо Рејес, кој изјави дека бактеријата клостридиум била пронајдена во телото на поетот во моментот на смртта.

Според неговите тврдења, меѓународната комисија од експерти која ја анализирала бактеријата „clostridium botulinum“, пронајдена во неговото тело во 2017 година, утврдила дека нејзиното потекло е ендогено. Ова ја потврдува и тезата на Комунистичката партија на Чиле, според која супстанцијата била „инјектирана како биолошко оружје“, што значи дека Неруда бил отруен.

„Можам да го кажам ова бидејќи ги знам податоците од извештајот. Ова го кажувам, како адвокат и внук, со целосна одговорност. Судијката сè уште не може да го истакне тоа, затоа што таа мора да ги има сите информации“, изјавил Рејес во интервју за „Паис“.

Тој додал дека на почетокот не се знаело дали бактеријата е ендогена или егзогена, односно дали е внатрешна или надворешна.

„Сега е докажано дека бактеријата била ендогена и дека била инјектирана“, додаде роднината на нобеловецот.

Чилеанскиот писател и комунист Пабло Неруда почина на 23 септември 1973 година во клиниката „Санта Марија де Сантијаго“, 12 дена по државниот удар во Чиле, кој го предводел Августо Пиноче и во кој неговиот близок пријател Салвадор Аљенде го изгубил животот.

Четири децении официјална причина за неговата смрт беше рак на простата, додека неговиот поранешен возач Мануел Араја не изјави дека писателот бил отруен.

Случајот на Неруда, добитник на Нобеловата награда за литература во 1971 година, е под истрага повеќе од 10 години и долго време е под етикетата на најстрога тајна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот