По 2.000 евра казна за 19 граѓани кои не го почитувале полицискиот час во Скопје​

Фото: mia.mk

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 19 лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Спротивно на прописите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Имено, за време на определената забрана за движење на населението, тие се движеле на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа.

Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. ​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот