Фото: fcvardar.com

ПМФЛ: Вардар славеше на дуелот против битолски Пелистер

Денеска во 12 коло од Првата македонска фудбалска лига екипата на Вардар триумфираше со 2:1 денеска против битолски Пелистер.

Немаше погодоци во првото полувреме, а во 54 минута скопските „црвено-црни“ први дојдоа во предност со голот на интернационалецот од Уганда, Мато.

Кратко траеше радоста на гостите бидејќи Пелистер успеа да дојде до израмнување во 60 минута преку Петковски.

Во 83 минута беше поставен конечниот епилог, Вардар дојде до бодовите благодарение на Босанецот Закариќ кој беше прецизен од белата точка.

Вардар останува единствениот во шампионатот без пораз, се наоѓа на првото место на табелата со 30 бодови.

Пелистер кој го претрпе и осмиот пораз сезонава, ја зазема 10 позиција со осум бодови.

Во следното коло Вардар на 9 ноември ќе го пречека Тиквеш, а истиот ден Пелистер е домаќин на Брера Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот