Пленковиќ: Милановиќ сигурно нема да биде премиер на Хрватска

epa09069437 Croatia's Prime Minister Andrej Plenkovic

Продолжува војната помеѓу хрватскиот премиер и хрватскиот претседател кој има амбиции да стане шеф на Владата.  Андреј Пленковиќ денеска во Загреб изјави дека претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ нема да биде премиер.

„Што се однесува до надлежните за спроведување на изборите, Државната изборна комисија и Уставниот суд, очекувам да се огласат. Идниот претседател на владата сигурно нема да биде тој, ние ќе го предложиме идниот мандатар, а според атмосферата што ја гледам во Хрватска, тој треба да бидам јас“ , рече Пленковиќ на новинарско прашање по седницата на претседателството на Хрватската демократска заедница.

Тој беше прашан и за изјавата на Милановиќ дека Колинда Грабар Китаровиќ водела кампања на митинзи организирани од ХДЗ. „Мислам дека тоа не е точно.

„Не се сеќавам дека била на предизборни состаноци на ХДЗ. Апсолутно не се сеќавам на такви ситуации“, рече Пленковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот