Плеј-офот се поблиску, втора победа на Е. Пелистер над Татабања

фото: РК Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија втората победа во вториот натпревар против Татабања во Лигата на Европа, овој пат со 24:21. Со оваа победа, пласманот во плеј-офот е се поблиску, пелистерци се зацврстија на третото место во групата Д со седум бода.

Натпреварот имаше идентичен тек како тој од вчера, само што овој пат унгарскиот тим го диктираше ритамот и го контролираше резултатот 50-тина минути по што работите во свои раце ги презедоа битолчани.

Татабања подобро го започна натпреварот поведе со 0:2, а потоа и со 1:5 по првите 10 минути. Пелистерци вториот гол го постигнаа воо 12. минута преку Мандалиниќ по што избраниците на тренерот Жељко Бабиќ од минута во минура заиграа подобро и до крајот на полувремето заминаа со негатива од два гола 9:11.
Во второто полувреме, ракометарите на Жељко Бабиќ полека почнаа да ги преземаа работите во свои раце и во 38. минута дојдоа до израмнување 14:14 по што следеше период во кој се играше гол за гол.
Сепак, во последните 15. минути се разбрани Карим Хендави, а неговите интервенции знаеја да ги наградат соиграчите и во 53. минута Е. Пелистер дојде до првото водство на натпреварот од 20:19. Унгарците возвратија преку Хорњак, но потоа следеше серија од 3:0 со головите на Мандалиниќ, Мараш и Граџан и тоа по заслуга на голманот Хендави, со што беа решени дилемите околу победникот.

фото: РК Еурофарм Пелистер

Хендави во вториот натпревар за Е. Пелистер покажа дека ќе претставува фантастично засилување и имаше девет интервенции кои ги оствари во второто полувреме, а во нападот вообичаено прво име беше Стипе Мандалиниќ со девет постигнати голови. Во редовите на Татабања, Габор Анчин и Матјаш Ѓиори постигна по четири гола.

Следниот предизвик за Е. Пелистер ќе биде натпреварот против ГОГ Гудме кој за пет дена ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот