Платформа за родова еднаквост: До 8 март да се поднесат кривични пријави против сторителите во „Јавна соба“

Фото: Слободен печат

Очекуваме до 8 март да започне постапката против сторителите во случајот „Јавна соба“. Во спротивно повторно ќе излеземе на протест, изјави на денешната прес-конференција Бојана Јовановска од Платформата за родова еднаквост.

– Очекуваме итна испорака на конкретни резултати по нашите барања со рок до 8 март и за полнолетните жртви од случајот, а не само за делото производство и дистрибуција на детска порнографија. Очекуваме кривични пријави од МВР за сторителите од „Јавна соба“ за делата – Поседување на лични податоци, посредување при вршење проституција, загрозување на безбедноста или ширење на расистички и ксенофобичен материјал во однос на околностите од случајотдодаде Јовановска.

Таа од пред зградата на МВР испорача уште неколку барања до министерот Оливер Спасовски.

Очекуваме процес на прочистување на полицијата од полициски службеници кои се сторители на насилство врз жени и нивно санкционирање, како и за оние полициски службеници кои пропуштиле да преземат мерки, но и континуирана стручна едукација за постапување во родово базирано насилство. Очекуваме измени со внесување на специјални одредби и конечно да започне со работа телото Омбудсман плус. На маршот на 8 март ќе побараме отчет врз основа на овие барања, како и оние кои ќе ги доставиме до Јавното обвинителство следната среда – заклучи Јовановска.

Фото: Слободен печат

Од Платформата за родова еднаквост истакнаа дека засега полицијата само им ги „замачкала“ очите на граѓаните, а вистинските жртви и натаму се чувствуваат незаштитени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот