Планирале напад во Тирана, албанската полиција откри иранска терористичка ќелија (ФОТО)

фото: Балканвеб

Албанската полиција откри иранска терористичка ќелија, која планирала терористички напад во Албанија, денот на Празникот на “Султан Невруз“.

Балканвеб“ јавува дека генералниот директор на Државната албанска полиција, Арди Велиу ги откри и имињата на иранските терористи, кои ја имаа за цел Албанија и дека „главата“ на ова ќелија е оперативецот на Силите ЌУДС, познат како „PEYMAN“.

Според првиот полицаец на Албанија „PEYMAN“ е постојан жител на Иран и менаџира од дистанца бројка на оперативци во Албанија и во други земји на Централна и и Западна Европа.

фото: Балканвеб

Меѓудругото, тој го иницирал и го спорвел последниот обид за напад во март месец 2018 година. „PEYMAN“ менаџира многу оперативци, некои за собирање на информации и другите за извршување на терористички напади.

Арди Велиу изјави дека еден од тие оперативци е Алиреза Нагхашзадех, испратен во Албанија за собирање на информации, додека другиот оперативец Абдолхалегх Малек Задех ја водеше оперативната ќелија.

Од истрагата на полицијата произлезе дека водачот на ќелијата работел во последните две години со босот на турската мафија, Абдулселам Тургут, позната фигура на организираниот криминал и на планирање на терористички напади, пренесува „Балканвеб“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот