Владимир Блажев - Панчо и Филип Стевановски / Фото: Инстаграм/Филип Стевановски

ФОТО | Плачеа заедно: Сопругите на Панчо, Филип и Александар од „ДНК“ една до друга на Златна Бубамара

Трите сопруги на трагично загинатите членови на групата „ДНК“, со солзи во очите ја следеа Златна Бубамара на популарноста од публиката. На покана на организаторите, во првите редови беа Маја Блажев, сопругата на Владимир Блажев – Панчо, Ирена Стевановска, сопругата на клавијатуристот Филип Стевановски и Маја Коларовска, сопругата на гитаристот Александар Коларов.

Златна Бубамара посвети дел од програмата на загинатите членови на бендот и дел за сите трагично загинати деа во пожарот во Кочани на 16 март лани. Зборувајќи за жртвите, Игор Џамбазов рече дека ова е една од најтажните Бубамари досега.

„Женски магазин“ објави фотографија од трите дами една до друга која можете да ја видите ОВДЕ.

По трагедијата во Кочани, емотивна објава за својот сакан, напиша сопругата на Александар Коларов.

„Најнасмеаниот човек беше Ти. А сега јас, како? Кажи ми како да бидам без тебе кога ми требаш, кога ми требаш… Без тебе, немам север, немам југ…Ова моето срце знае сѐ, не можам ни ден јас без тебе… Животе, кажи ми да знам зошто морам сама вака јас да живеам… Животе, кажи ми да знам зошто морам сама нови врати јас да отворам? Животе, кажи ми да знам зошто морам сама вака јас да живеам?… А, вака живеевте, вака и заминавте. Заедно. Молк е во нашите души, мелодијата на животот отиде во вечноста. Чувајте се двајцата таму, горе, чувајте нè нас овде. Ангели на земјата, ангели и на небото. Чувајте местенце за нас на концертите горе. Еден ден пак ќе бидеме заедно. Срце полно рани, рани, во душа празни страници, непишани романи.

Секоја ноќ те чекав да се вратиш од свирка. И секогаш се враќаше. Те чекам и сега… Секогаш ќе те чекам… Чекај ме и ти сега…

Си замина со музика. Петокот со ‘ФИС-бенд’, саботата со ‘ДНК’. Секогаш скромен и во сенка, но славно замина. Никогаш нема да ја заборавам нашата фраза ‘Таму кај што се љубиме, никогаш не е мрак’. Зашто Ти си единствената светлина што никогаш нема да згасне. Небото победи, ние загубивме. Единствено таму си достоен за сè што кротко и скромно правеше овде. Замина со химната на животот и ја однесе во вечноста. Развлечи ја небесната насмевка и дај ни надеж како да продолжиме без тебе. Ти ни ја остави најубавата мелодија на животот – твојата насмевка. Љубов си!“, напиша Маја Коларовска.

„Среќо моја, Филип мој. Њоњче мое, ме остави со најголема празнина која не се опишува. Ми остави најголем спомен кој ќе го чувам и ќе се борам како најголема лавица.

Знам дека ќе не’ чуваш и ќе ни дадеш сила да продолжиме по овој пат кој ќе биде претежок за нас.

Твојата светлина беше преголема за овој тажен свет. Свети и сега како најсилна ѕвезда која ќе ја гледаме секогаш и ќе знаеме дека не’ чуваш од небото!

Лора беше твоето се’ , музиката твојот живот, а јас твоето њоњче и ветерот во грб за да достигнеш се’ што имаше замислено.

Последниот наш настап беше толку радосен и толку многу се смеевме, правеше се’ за да сите бидеме среќни и насмеани.

Вечно ќе те паметиме по твојата голема душа, твојата насмевка што Лоричка ја носи, а јас во таа насмевка ќе те гледам тебе, мил мој.

Мојот живот без тебе веќе е тажен, претажен, но се’ што сме сакале Лора да успее ветувам дека ќе го направам, а знам дека ти ќе ми помогнеш од зад облаците!

Летај, свири и дојди ни понегогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш!“, напиша по загубата сопругата на Филип Стевановски, Ирена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот