Пјонгјанг најави лансирање на воен шпионски сателит во јуни

Парада во Северна Кореја / Фото: EPA-EFE/KCNA

Северна Кореја денеска потврди дека ќе лансира воен шпионски сателит во јуни, соочена со „опасни воени активности на САД, јави државната севернокорејска агенција КЦНА.

– Во јуни ќе биде лансиран воениот извидувачки сателит број 1, рекол потпретседателот на воениот комитет на владејачката партија, Ри Пјонг Чол.

Тој додаде дека Северна Кореја го лансира сателитот „како одговор на опасните воени активности на САД и нивните вазали“.

Јапонија вчера соопшти дека добила известување од Северна Кореја за претстојното лансирање на сателит, за кое Токио тврди дека можеби крие лансирање балистичка ракета.

Според јапонските власти лансирањето би требало да биде помеѓу 31 мај и 11 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот