Питон долг еден метар побегна од стан: Жителите на Рен во паника да не им излезе од некаде

epa07479742 A Cambodian man holds a pet snake at reptile cafe in Phnom Penh, Cambodia, 02 April 2019. Cambodian Pets displayed at reptile coffee in Phnom Penh. EPA-EFE/KITH SEREY

„Можеби змијата не е агресивна, но е страшна. Овде има мајки, дадилки. Страшна ситуација“, изјави еден од станарите.

Змија питон долга околу еден метар побегнала од стан во францускиот град Рен, а мештаните веќе со денови внимателно се загледуваат на секое ќоше.

Питонот по име Исис побегнал од станот на сопственикот во центарот на градот, јави Би Би Си.

Набрзо насекаде се излепени предупредувања, за станарите да не ги оставаат сами децата на зелените површини во близина.

Змијата од вторникот не е видена, а живеела во стан во приземјето на зградата.

„Веројатно сум заборавил да го затворан капакот од терариумот. Ја баравме секаде во станот. Повикавме и пожарникари, но тие ни рекоа дека немале детектор за змии, изјави сопственикот за весникот „Уест Франс“.

Сопственикот вели дека змијата е стара две години, а легално ја купил пред шест месеци и нагласува дека не е опасна. Сепак, соседите се загрижени дека Исис би можел да се крие во зелените површини околу зградата и во блиските паркови.

„Можеби змијата не е агресивна, но е страшна. Овде има мајки, дадилки. Страшна ситуација“, изјави еден од станарите.

„Страшно“, вели еден тинејџер и додава дека и тие одат долу и седат на свежата трева.

Топчестите питони потекнуваат од западна и централна Африка и многу се популарни домашни миленичиња, а можат да пораснат до два метри, наведува британскиот јавен сервис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот