Пилот на Ер Канада суспендиран откако на Фејсбук го поддржал нападот на Хамас: „Хитлер е горд на Израел“

Фото принтскрин Икс

Канадската авиокомпанија Ер Канада потврди дека казнила пилот откако тој напишал серија вознемирувачки објави по нападите на Хамас врз Израел во текот на викендот.

Следбениците на Фејсбук на Мостафа Езо, наводно, се пожалиле директно на авиокомпанијата откако тој објавил серија шокантни изјави меѓу кои: „Израел треба да изгори во пеколот“ и опишувајќи го Израел како „терористичка држава“.

„Хитлер е горд на тебе“, напишал тој во друга објава.

Според Торонто Сан, Езо останал вработен, но сега е „приземјен“. Во соопштение на Ер Канада на Икс, порано на Твитер, се додава: „Свесни сме за неприфатливите објави што ги направи пилотот на Ер Канада. Ние ја сфаќаме оваа работа многу сериозно и тој беше отстранет од служба во понеделник на 9 октомври. Силно го осудуваме насилството во сите форми“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот