Фото: Википедија

Пијани хрватски војници ВРАТЕНИ од Австрија

Началникот на Главниот штаб на вооружените сили на Хрватска, Мирко Шундов, по аферата во врска со превоз на шверцери со оружје во воен хеликоптер, ја потврдил новата спорна ситуација.

Како што пренесува „Индекс“, Шундов објавил дека овие денови биле соочени со несоодветно однесување на тројца членови на вооружените сили во Австрија, кои биле веднаш повлечени во Хрватска.

Припадниците на хрватските вооружени сили без дозвола консумирале алкохол и поради тоа веднаш биле вратени од Австрија.

– Хрватската војска не ги крие информациите од јавноста, постои процедура кога може да се комуницира со јавноста. Извлековме поуки и научивме неколку лекции – изјавил Шундов и додал дека во војската постои нулта толеранција за алкохол, пренесува Дневник.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот