Пијан тетовец од прозор пукал со пиштол

Илустрација/Архива на Слободен печат

Полицајци ноќеска по полноќ во полициска станица привеле 44-годишник од Тетово кој од прозорец во станот пукал надвор. Тетовецот бил во алкохолизирана состојба.

Станува збор за Д.Ј.(44) од Тетово, кој од прозорец на стан на улица „Киро Ристевски-Дрнц” во Тетово, во алкохолизирана состојба, со гасен пиштол пукал во непозната насока.

До интервенцијата дошло по пријава на граѓани.

На Д.Ј. му е одземен пиштолот за вештачење, а тој бил задржан во полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот