Пијан Хрват наместо дома, завршил на психијатрија

Фото: Профимедиа

Маж на возраст од 42-години од Карловац доби условна казна од 20 дена затоа што ја измамил Итната помош тврдејќи им на лекарите дека има корона.

Всушност, нему му требало само превоз, бидејќи бил пијан. Човекот ја контактирал полицијата на контролен пункт долж улицата по која се движел во Карловац, каде полицајци ги проверувале сообраќајните пропусници.

Во тоа време не било можно да се напушти местото на живеење без поминување со дозвола, па тој на полицајците им рекол дека е заразен со вирусот иако знаел дека е здрав. Потоа по телефон повикал екипа на Итната помош која ја чекал на контролниот пункт.

Тој тоа го стори само за да можат медицинските лица да го пренесат дома. Сепак, тој завршил на отрезнување во психијатриско одделение во Општата болница во Карловац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот