Масуд Пезешкијан / Фото EPA-EFE/IRANIAN STATE TV (IRIB)

Пезешкијан: Иран се стреми кон мир, но нема да се откаже од својата нуклеарна програма

Иранскиот претседател МасудПезешкијан во понеделник изјави дека Иран бара мир, но нема да биде принуден да се откаже од своите нуклеарни и ракетни програми, објавија иранските државни медиуми.

„Подготвени сме да водиме разговори во меѓународни рамки, но не ако ни кажат дека не ни е дозволено да имаме нуклеарна наука или право да се браниме со ракети“, рече Пезешкијан, според Ројтерс.

Тој нагласи дека Иран сака да живее во овој свет во мир и безбедност, но не и да биде понижен и дека е неприфатливо да му се наметнува „што и да сакаат другите“.

Иран постојано ја отфрла можноста за преговори за своите одбранбени капацитети, вклучително и неговата ракетна програма, како и идејата за целосно откажување од збогатувањето на ураниум на своја територија, според агенцијата, пренесе Танјуг.

Израел го смета Иран за егзистенцијална закана, додека Техеран тврди дека неговите балистички ракети, со дострел до 2.000 километри, се важен фактор за одвраќање и сила за одмазда против САД, Израел и други потенцијални регионални цели. Иран негира дека се стреми да изгради нуклеарно оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот