Петто издание на книгата „Вдахновенија“ од Атанас Конески

Издавачката куќа „Култура“ го објави петтото дополнето издание на книгата „Вдахновенија (Ковчеже на мудрости)“ на Атанас Конески. Станува збор за збирка на искази (афоризми, поуки, максими, мудрости) суптилно издвоени од литературата и од животот и вклопени во азбучна целина.

Професорот Венко Андоновски напиша: „Мудар е, остроумен и великодушен човекот Атанас Конески, кој ни го дарува ова ковчеже, во кое ги положил најважните нешта што еден животен патник си ги чува како вредни спомени и сознанија, за сите оние кои сакаат да се загледаат во него, во бисерите и медалјоните од ковчежето, и да се насладуваат“, додека писателот Драги Михајловски напиша: „Да се прочитаат мудростите од оваа книга и да се примат како свои, значи и самите да се издигнете и да останете вдахновени“.

Во својот текст кон „Вдахновенија“ професорот Димитар Пандев посочува: „Оваа книга не се чита само еднаш. Впрочем, како што и читателите и другарите не се само за еднаш. Вистинските другари и читатели. А вистината, според теоријата на информацијата, е во преповторбата. А трајноста на пораките е во нивното преточување во една друга форма, во афоризми-вдахновенија со енергетска моќност да оформат уште посложени дела“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 61, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 19-20 декември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот