Петто издание на „Филмај“ ќе се одржи на 30 и 31 мај во Куманово

Фестивалот на краток филм „Филмај“ – Куманово ќе се одржи на 30 и 31 мај 2023 (вторник и среда), во Занаетчиски дом – Куманово. Двете вечери на петтото издание на фестивалот ќе бидат со почеток во 20 часот, а влезот ќе е бесплатен за сите посетители.

На „Филмај 2023“ ќе бидат прикажани 16 филмови. Наградени филмови се новозеландскиот „Дацун“ во режија на Марк Албистон, српскиот „Ѕвер“ со Јуриј Искаков како директор на фотографија, „Сеќавање на брза бура“ (Грција) по сценарио на Софија Георговасили, заедно со најдобриот домашен филм „Проблемот на Тина“ и „Помеѓу зборовите“ од Луксембург како најдобар краток филм.

Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани на фестивалот се хрватскиот „Железна уста“, „Досие“ (Иран), „Цреши“ и „Техно-мама“ од Литванија, мексиканскиот „Онан“, „Никој“ (Португалија), „40 минути“ и „Ден за капење“ од Русија, швајцарско-францускиот „Ферплеј“ и шпанските „Клаудија“ и „Хелено“.

Стручното жири на овогодишниот фестивал „Филмај“ беше составено од три члена: Симона Димковска (актерка), Борна Зидариќ (сценарист и режисер) и Мартин Давитковски (член на фото-кино клуб „Козјак“).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот