Петровски: Ќе има многу уцени од Албанците, Артан Груби е најголемиот провокатор на политичката сцена

Ќе има многу уцени од страна на Албанците за состав на Влада, ќе уценуваат, ќе изводат, ќе се глупираат, а на крајот ќе легнат на брашното. Артан Груби е најголемиот провокатор на политичката сцена, човек којшто создава намерно нервоза кај сите што се надвор од ДУИ, вели Филип Петровски во емисијата „Само Вистина“.

-Мицкоски е самонаречен кандидат за мандатар, тој беше само шпицен кандидат на билбордите кој сам си ги поставуваше. Јасно е дека кандидат за мандатар може да биде оној кој победил на изборите, изјави Филип Петровски во емисијата „Само вистина“ кој порача дека, како што рече, за жал Мицкоски не е препознаен како автентичен кандидат.

Партиите се претворени во легло, со ваков статут од вчера тоа ќе биде приватна забава на Христијан Мицкоски, рече Петровски.

Петровски оцени дека лага е наводната демократизација на ВМРО-ДПМНЕ со вчерашното менување на статутот на партијата.

-Ќе се случи оставка на Мицкоски. Тој нема поддршка од надвор од штабот, освен од неговите „кои го тапкаат по рамо“, изјави Петровски.

Тој порача дека убаво би било да се сретне на дуел со некој од поддржувачките на Мицкоски со кои се тотално идеолошки различни и за кои Петровски констатираше дека „комплетно забегале“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот