Петровска: Со печат за продолжување на важноста може да се реши проблемот со пасошите

Петровска појаснува дека иако предлог-решението е на маса, треба да се направи измена на законското решение, што не е само во надлежност на Владата и оти се разгледуваат сите опции за донесување на ова решение.

Едно од можните решенија за надминување на проблемот со недостатокот на обрасци за нови пасоши е ставање печат на последната страница од пасошот чија важност е измината, вели во своето гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, дополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска.

Петровска појаснува дека иако предлог-решението е на маса, треба да се направи измена на законското решение, што не е само во надлежност на Владата и оти се разгледуваат сите опции за донесување на ова решение.

Запрашана како би се надминал проблем во случај кога важноста на некој пасош би истекла во мај, Петровска вели: Ќе се обратите до управните служби на министерството за внатрешни работи, секако, ако биде ова усвоено и таму ќе биде втиснат печатот во пасошот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот