Шестмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Фото: Слободен печат/Архива

Ноќеска во 1.15 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, во близина на надвозниот кај село Ржаничино, патничко возило „БМВ” сопственост на Л.Н., а управувано од неговиот 17-годишен син излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки повреди се здобил  возачот, а со полесни повреди се здобиле сопатниците З.Ж.(19), М.Д.(19) и уште тројца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот