Петков смета дека преодната влада на Бугарија не треба да ги пропушти тендерите за течен гас

Кирил Петков
Кирил Петков пред Народното собрание на Бугарија / 22 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Привремената влада на Бугарија не треба да ги пропушти тендерите за местата каде што се истоваруваат цистерни со течен гас, изјави за БНТ поранешниот премиер Кирил Петков.

Според него, тендерите ќе се одржат во септември и се за цела наредна година, јави дописникот на МИА од Софија.

Кирил Петков информира дека имал телефонски разговор со министерот за енергетика на Грција, кој му рекол дека очекува поинтензивни разговори со бугарската влада, но тие не се случиле.

Петков рече дека седумте бродови со американски течен гас се по многу добра цена и додаде дека е збунет зошто привремената влада на Бугарија не ги искористила и избрала да земе само еден брод.

Во однос на идејата на Слави Трифонов за воведување претседателска република во Бугарија., Петков рече дека „секое шоу има свое време”. „Шоуто што Слави Трифонов се обидува да му го проектира на бугарскиот народ е веќе од старата сезона. Слави и неговите идеи мора да останат во минатото”, рече Петков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот