Петгодишно девојче се удави во Маркова Река

Вчера во 15.30 часот во МВР е пријавено дека во близина на стариот пат за село Батинци, Скопско, се удавило петгодишно девојче. Додека играло со други деца, а нејзините родители присуствувале на свадба, девојчето паднало во Маркова Река.

Лекар од Итна помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот