Пет здрави навики пред спиење: Еве што е важно да следите за добар сон

жена во сон/Pixabay
жена во сон/Pixabay

Многу е важно кога човек се подготвува да си легне, да следи некакви мали ритуали или барем да се води од неколку битни работи за да биде спокоен и да има долг и убав сон.
Често сме „заморени“ од секојдневно типкање по телефоните и екранот ни зрачи и долго во ноќта – признајте дека некогаш почесто сте со телефонот во креветот, одошто со перницата.

Затоа ви предлагаме пет навики што можете да ги поврзувате со ритуалот пред спиење.

Удобни пижами

Зар е потребно да објаснуваме што значи удобна пижама или распар тренерка/широка маичка? Важно е да си легнете чисти и во најмеките алишта за спиење.

Ритуалот за чистење лице/заби да е направен

Верувајте дека измиено лице и исчеткани заби се во голема мера важни за мирен сон.

Исклучен телефон

Тргнете го телефонот од вашиот кревет и оставете го само алармот вклучен. Не типкајте доцна во ноќта и не се „заразувајте“ со скролање. Препорачано е еден час пред легнување, воопшто да немате конзумирано храна, ниту пак да сте биле онлајн. Така мозокот ви е олабавен и полесно ќе заспиете.

Соодветна перница

Добра перница е половина здравје. Ако сте немирен спијач или не трпите перници, тогаш бидете свесни дека важен дел од спиењето е добар и рамен душек и соодветна подлога.

Смирувачки книги/чај

Пред спиење, за полесен сон се препорачуваат чај од маточина или камилица, а книгата е по ваш избор – секако е подобро да читате нешто релаксирачко и да заспиете полесно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот