Пет и пол години од несреќата: Камери во домот на Шумахер (ВИДЕО)

Шумахер во 1999 година имаше стравичен инцидент во кој заработи скршеница на ногата/ фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Документарниот филм ќе содржи необјавени архивски снимки од прочуениот живот на возачот, како и сведоштва на најблиските членови на семејството, сопругата Корин (50) и неговиот татко Ролф (73).

Состојбата и напредокот на Михаел внимателно се чуваат од страна на медиумите. Шумахер поминал речиси шест месеци во индуцираната кома по несреќата. Се верува дека се лекува во семеен дом лоциран во близина на Женевското Езеро.

До информација за неговата состојба е речиси невозможно да се дојде:

– Можете да бидете сигурни дека неговиот живот е во најдобри раце и дека ние се трудиме да му помогнеме. Ве молиме за разбирање, бидејќи ги следиме само неговите желби и чувствителната тема околу неговото здравје останува во приватен круг, како што и секогаш било – откри неговото семејство.

Во филмот кој едноставно се вика „Шумахер”, ќе се открие нешто, а премиерата во Германија и Швајцарија се очекува на почетокот од декември оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот