Пет години се истражуваше исчезнувањето на авионот и се дојде до овој ЗАКЛУЧОК

“Несреќниот и осамен“, капетан Захари Ахмад Шах, намерно ја предизвикал смртта на сите 238 патници на авионот “Малезијан ерлајнз“ на летот MH370, тврди независна група на експерти, кои работеле на случајот, пренесува блиц.рс.

Угледниот експерт за авиони, Вилијам Лангевиш ја изнел новата теорија “Атлантик“. Тој тврди дека Шах најверојатно го убил или онеспособил копилотот во кабината, пред да ја предизвика смртта на сите патници.

Електроинженерот Мајк Егзнер, кој исто така припаѓа на независна група на експерти, верува дека Шах, пред да изврши самоубиство, намерно го подигнал авионот на над 12.000 метри и направил нагол пресврт, со што го забрзал падот на притисок во кабината.

– Намерното соборување на притисокот би бил логичен и единствен начин да се воспостави контрола над кабината, која веројатно би продолжила да лета со часови – вели Лангевиш.

После повеќе од четири години од катастрофата најдени се само делови од авионот. Маските за кислород, кои функционираат на висина до 4.000 метри и тоа во период од 15 минути, на висина од 12.000 метри не би имале ефект. Патниците веројатно би биле онеспособени во рок од неколку минути, тие би изгубиле свест и полека би умреле, без симптоми на гушење и губење на здив.

Авионот “боинг 777“ на летот MH370 од Куала Лумпур до Пекинг со 239 патници и членови на екипажот, исчезна на осми март 2014, а неговото исчезнување е една од најголемите мистерии во историјата на авијацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот