Пет години ја судат Канческа-Милевска, денеска не дојде вештакот

Фото: Архива-Слободен печат

Судењето на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска во случајот „Тендери“ ја изминува петтата година, а денешното рочиште одново се одложи.

Откако стигна супервештачењето од Бирото за судски вештачења, сега на рочиштето не се појавил вештакок кој требало да сведочи, по што ново рочиште е закажано за 23 дена, објави „Макфакс“.

Предметот досега петпати се судеше одново, поради тоа што изминале 90 дена од последното одржано рочиште.

Обвинението во предметот „Тендери“ е поради фаворизирање на градежната компанија „Бетон“ во јавните набавки. Покрај Канческа-Милевска, обвинети се и двајца членови на комисијата за јавни набавки, за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Ексминистерката за култура беше меѓу осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои во 2018 година ја „сменија страната“ во Собранието и гласаа за промената на името на државата. Во јавноста се шпекулираше дека тие за возврат за политичката „услуга“ со гласањето за уставните измени, добиле различни повластици и контрауслуги од актуелната власт – од државни тендери, до прекин на кривично гонење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот