Песков: Путин ќе разговара за руските бази во Сирија со aл Шарaa
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека во текот на денот рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара со сирискиот претседател Ахмед ал-Шарaa, кој е во работна посета на Москва, за прашањето за руските воени бази во Сирија.
Препорачано
„Утрово веќе објавивме дека сирискиот претседател Ал Шараa ќе биде во работна посета на Москва. Путин ќе се сретне со Ал Шараa во Кремљ. Руско-сириските разговори ќе следат за време на работниот појадок“, изјави Песков за новинарите, пренесува РИА Новости.
Песков рече дека денес е „важен ден за руско-сириските односи“ и дека ова се „првите контакти лице в лице“ на највисоко ниво од промената на власта во Сирија, што се случи во декември минатата година.
Тој додаде дека може да се очекува дека прашањето за руските воени бази во Сирија „ќе биде покренато на еден или друг начин“ за време на разговорите меѓу Путин и Ал Шара, како и дека двајцата лидери не планираат прес-конференција по разговорите во Москва.
„Не, нема планови за прес-конференција“, рече Песков.


