Пешак загинал откако бил удрен од автомобил управуван од малолетник

Седумдесет и шестгодишен пешак од тетовско Камењане загина откако бил удрен од автомобил управуван од малолетник.

– Сообраќајна несреќа е пријавена во 17 часот во СВР Тетово. Возило „рено клио” со тетовски таблици на регионалниот пат Тетово-Камењане управувал малолетник од Камењане и удрил во пешакот Ќ.О (76). Пешакот добил тешки телесни повреди, по што е пренесен е во клиничка болница Тетово каде дежурен лекар констатирал смрт, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Возачот е обезбеден во СВР Тетово. Увид извршиле полициски службеници на СВР Тетово во содејство со јавен обвинител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот